#1. Што е фишинг?
Фишинг е лажна порака која сака да изманипулира луѓето да откријат лични информации, како што се лозинки, броеви на картички или други приватни податоци
#2. Како изгледа фишинг порака?
Фишинг порака обично изгледа како порака од непозната личност што бара од вас да ги откриете своите лични податоци, како лозинки или броеви на картички
#3. Што треба да направиме ако добиеме сомнителна порака?
Сомнителната порака може да содржи лажни линкови или вируси што можат да ги украдат вашите лични податоци или да ги инфектираат уредите, па затоа треба да ја пријавите и да не кликате на ништо.
#4. Кој сѐ може да биде измамен преку фишинг?
Секој може да биде измамен преку фишинг, без разлика на возраста или искуството на интернет.
#5. Која од наведените веб-адреси е безбедна веб-адреса?
Безбедна веб-адреса секогаш почнува со ‘https://’ , тоа значи дека е заштитена
#6. Зошто фишинг-пораките може да изгледаат реално?
Фишинг пораките изгледаат реално затоа што користат слики, имиња и логоа за да изгледаат попримамливо
#7. Како да се заштитиме од фишинг?
Можеме да се заштитиме од фишинг така што нема да отвораме и одговараме на пораки од непознати испраќачи
#8. Која е најчеста фраза во фишинг пораки?
Фразата ‘Кликни и освои награда!’ е најчеста мамка во фишинг пораки бидејќи предизвикуваат возбуда и може да те натераат да кликнеш на линкот
#9. Што треба да направиме пред да кликнеме на линк?
Пред да кликнеме на линк, треба да провериме кој го испратил за да бидеме сигурни дека е безбеден
#10. Како луѓето што праќаат фишинг пораки те измамуваат да кликнеш?
Фишинг пораките често користат итни пораки и ветуваат награди за да те измамат да кликнеш
#11. Дали може фишинг да се случи во игри?
Фишинг може да се случи и во игри, особено преку чет или линкови од други играчи.
#12. Зошто е опасно да внесеш лични податоци на сомнителен веб сајт?
Ако внесеш лични податоци на сомнителен веб сајт, тие можат да бидат украдени и злоупотребени.
#13. Кој треба да знае ако добиеш сомнителна порака?
Ако добиеме сомнителна порака, треба веднаш да кажеме на родител или наставник.
#14. Што треба да направиш ако некој онлајн ти бара адреса?
Ако некој ти бара адреса онлајн, најбезбедно е да го блокираш и да го пријавиш.
#15. Што е „лажен профил“?
Лажен профил е профил направен со туѓи слики и информации со цел да измами други луѓе