#1. Зошто е важно да играме игри според нашата возраст?
Игри направени за нашата возраст се дизајнирани да содржат безбедни и разбирливи теми
#2. Што значи онлајн безбедност во игри?
Онлајн безбедност во игри значи да не комуницираме со непознати лица кои може да бидат опасни
#3. Што не треба да споделуваш во гејминг чет?
Лични податоци се информации како адреса, име, училиште и не треба да ги споделуваме во игри за да се заштитиме од злоупотреба
#4. Како да провериш дали играта е сигурна?
Сигурна игра е онаа што е преземена од официјален извор поставена од страна на авторите, затоа што таму нема вируси и измами
#5. Зошто родителите треба да знаат што играме?
Родителите можат да ни помогнат да бидеме безбедни онлајн ако знаат што и каде играме
#6. Што треба да направиш ако играч бара лични информации?
Ако некој бара лични информации, најдобро е веднаш да го блокираме и да ги известиме родителите
#7. Кој извор е безбеден за игри?
Само официјалната страница на играта гарантира дека таа е проверена и безбедна за симнување
#8. Што значи да се биде одговорен гејмер?
Одговорен гејмер е оној што ги почитува правилата на играта и е љубезен со другите играчи
#9. Што е “scam“ во гејминг светот?
Scam е лажна порака или понуда во игра која се користи за да ти украдат пари, лозинка или лични податоци
#10. Како можеш да помогнеш на друг доколку е навредуван во игра?
Кога некој е навредуван во игра, треба да му помогнеме да го пријави тоа и да не го игнорираме проблемот
#11. Се обидов да користам посебна функционалност во играта, но не ми успеа. Еден од играчите се обиде да ми помигне со тоа што ми кажа: „Можам да ти помогнам ако ми ја дадеш твојата лозинка“. Како да одговорам?
Лозинката е тајна и никогаш не треба да ја кажуваме на никого, дури ни ако ни нудат помош
#12. Важно е да не споделуваме лични информации преку интернет за да ја заштитите нашата приватност и безбедност.
Не треба да споделуваме лични информации на интернет затоа што може да бидат искористени против нас
#13. Имам моја дигитална слика и некој што го запознав преку интернет сака да ја види. Дали е во ред да ја испратам на тоа лице?
Не е во ред да испраќаме лични слики на луѓе што не ги познаваме, бидејќи може да бидат злоупотребени
#14. Во онлајн игра, која е безбедната практика при избор на корисничко име?
Корисничкото име треба да биде неутрално и да не открива детали како нашето име или возраст
#15. Непознат човек со кој имаме разговарано само преку интернет бара средба лично. Кој е најдобриот одговор?
Ако некој што не го познаваме бара средба во живо, треба да одбиеме и веднаш да им кажеме на родителите