#1. Зошто е важно да ја заштитиш својата приватност на интернет?
Приватноста ја штити твојата безбедност и лични податоци од непознати луѓе
#2. Кој пример претставува лична информација што треба да ја заштитиш?
Адресата е лична информација што може да биде злоупотребена ако ја објавиш
#3. Кому смееш да му кажеш каде живееш?
Лични информации се споделуваат само со луѓе што ги познаваш лично и имаш доверба
#4. Каква содржина е најбезбедна да се споделува онлајн?
Безбедно е да објавуваш само работи кои не откриваат детали за тебе
#5. Што треба да направиш пред да споделиш фотографија на која има повеќе луѓе?
Пред да споделиш фотографија со други луѓе, мора да добиеш нивна согласност
#6. Зошто е опасно јавно да се објавуваат слики со лични податоци?
Јавно објавени слики може да бидат злоупотребени од други
#7. Како можеш да го направиш профилот на социјалните мрежи побезбеден?
Приватните профили се побезбедни бидејќи само избрани луѓе можат да ги гледаат
#8. Кој треба да ти помогне ако некој злоупотреби твоја слика?
Ако некој злоупотреби твоја слика, веднаш кажи на родител или наставник
#9. Која информација НЕ треба да се објавува онлајн?
Не треба да објавуваш каде живееш бидејќи тоа може да биде злоупотребено
#10. Зошто не треба да прифаќаш барања за пријателство од непознати?
Лажни профили се користат за измами и не се безбедни
#11. Како најчесто да знаеш дека некој профил е лажен?
Лажен профил најчесто е празен или изгледа сомнително
#12. Што е „cyberbullying“?
Cyberbullying е дигитално вознемирување или навредување и тоа мора да се пријави
#13. Како да се заштитиш од онлајн вознемирување?
Никој не смее да биде навредуван онлајн. Онлајн навредувањето и вознемирувањето мора да се пријави
#14. Зошто не треба да користиш исто корисничко име на секоја социјална мрежа?
Различни имиња на различни мрежи придонесуваат за поголема приватност
#15. Кој може да го види она што го објавуваш ако профилот е јавен?
Ако профилот е јавен, секој може да ги гледа твоите објави.